Две несреќи со трагични последици: загинаа возач на камион и на мопед

Од:

Во две сообраќајни несреќи вчера животите ги загубија 60-годишник од Струмица и 54-годишен жител на селото Небрегово. Струмичанецот управувал со товарно возило и излетал од патот на делницата Струмица-Валандово.

– На 02.04.2024 околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово, информираше МВР.

Во другата несреќа која се случила во селото Небрегово, жртвата управувала со мпед „томос“, загубила контрола и илетала од патот.

– На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово-прилепско Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово