Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Од:

Девојчето Шенон (13) од Франција почина од повредите нанесени откако била силувана во градот Рантињи. Шенон, ученичка од Кофри, беше нападната на 6 март во градот Рантиња, оддалечен неколку километри.

„Поради повредите здобиени во нападот, жртвата е хоспитализирана во тешка состојба, со повреди опасни по живот. Починала на 27 март во болница. Наредена е обдукција за откривање на причините за смртта“, потврди јавниот обвинител за француските медиуми.

По силувањето, Шенон беше однесена во болница со срцев удар, обилно крвавејќи и со тешки абдоминални повреди – и беше во кома речиси три недели пред да умре.

Полицијата уапси три лица осомничени за нападот. Наводниот сторител на силувањето, 19-годишен маж, дејствувал со соучесништво на 18-годишен пријател и малолетна тинејџерка, пренесува Le Parisien.

„На наводниот силувач му е одредена мерка притвор. Двајца сообвинети, осомничени за доброволно апстинирање од спречување криминал, се пуштени на слобода, додека возрасниот е ставен под судски надзор, а малолетникот привремена судска воспитна мерка. Никој нема криминално досие“, потврдува обвинителот.

Фактот дека Шенон починала им дава пресврт на обвиненијата против тројцата обвинети, особено на наводниот напаѓач. Сега овој случај се води под кривична квалификација „силување што доведе до смрт на жртвата“. Сега станува збор за убиство, а ова кривично дело носи затворска казна до 30 години.

Инспекторите сега се обидуваат да утврдат што се случило на 6 март во Рантињи.

Семејството на починатото девојче е очајно.

„Верувам во правдата и ќе ја оставам полицијата да си ја заврши работата. Сакаме да ја дознаеме вистината за оваа трагедија“, рекла мајката на девојчето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили