СДСМ: Во Програма за европска иднина, бесплатен оброк и бесплатна екскурзија за учениците

Од:

Победничката „Програма за европска иднина“ на СДСМ за претстојните избори предвидува серија мерки за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.Бесплатен оброк се воведува за учениците во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, велат од партијата.

– Бесплатен јавен превоз се воведува за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето. За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“ во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец. Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус од 3.000 денари за материјали и учебни помагала. Со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија. Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство. За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“. Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на врсничкото насилство, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ