ВМРО-ДПМНЕ: Заев е во политика заради свои финансиски интереси

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно го прозва струмичкиот градоначалник Зоран Заев дека со добиените тендери од Општина Струмица им овозможил на неговите блиски роднини низ годините да изградадат капитал.

Владејачката партија на прес-конференција ги посочи таткото, чичкото, братот, стрината, тројца братучеди и снаата на градоначалникот на Струмица како сопственици и членови на упраувачки и надзорни одбори на фирми кои склучувале договори и добивале јавни набавки од Општина Струмица и од нејзините општински институции (градинки, училишта и комунални претпријатија) чии директори ги назначувал градоначалникот Заев.

– Повеќе десетици милиони денари се слеани на сметките на фирмите на блиските роднини на Зоран Заев, кој е во политика да ги остварува своите финансиски интереси, а не да се грижи за граѓаните. Зоран Заев си има свој октопод за испумпување на парите на граѓаните на Струмица, пари кои очигледно завршуваат на сметките на фирмите од фамилијата Заеви – „Зови Промет”, „Сара Јавор Инжинеринг”, „Тргопродукт”, „Еленица” и „Ева Стаил”. Од фактите и изнесените докази јасно се гледа дека речиси и да не постои семејна фирма на Зоран Заев која нема добиено јавна набавка во Стрмица, рече на прес-конференција Борче Стамов.

Македонска јавност, додаде Стамов, ги виде документите кои се несоборлив доказ за непотизмот и класичниот судир на интереси, а Заев
не собра храброст да признае.

– Ако Заев вака работел како градоначалник, замислете како би работел како премиер… Во оваа држава до сега немало ваков скандал. Во оваа држава до сега немало таков политичар кој на целата своја фамилија и обезбедувал континуиран финансиски приход од буџетски средства за кој тој е надлежен. Дури ни Бранко Црвенковски не успеал да го стигне ова ниво на Зоран Заев, рече Борче Стамов на прес-конференција во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје