(ВИДЕО) Таткото на исчезнатиот Самоил: Тој е убиен и некаде фрлен бидејќи носеше пари со себе

Од:

Помина една година од исчезнувањето на младиот скопјанец Самоил Костадиновски кој на 3 март сред бел ден беше грабнат и од тогаш му се губи секаква трага.

Обвинителството поднесе обвинение за грабнување против две лица и утре во Кривичниот суд се завршните зборови пред да се донесе пресуда која треба треба да биде осудителна, очекува таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски.

– Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, каде е нашиот Самуил. Немаме трага каде е нашето дете. Тој остави жена и две деца кои сега се без еден родител. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше пари со себе, оваа криминална група го има сто отсто убиено и некаде фрлено. Оваа иста група се нудела на албанското подземје дека е подготвена да убива, киднапира и дека истите лица биле поврзани со власта, со МВР, крим трехника и дека за нив нема одговорност.

Тоа се докажа кога дојдовме до сознанието дека се тие истите кои ги запалија „волвото“ во кое се возеле со Самоил. Полицијата не мрдна со прст. И мене ме испукаа поради тоа што потврдив дека Александар Трајковски Анфас е главниот организатор во групата. Тој е во бегство во моментов и тој е човекот кој ме испука – истакна Костадиновски за „А1он“.

Љупчо е брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски, а исчезнатиот Самоил е нејзин внук. Поради ова во јавноста силно одекна веста за неговото киднапирање.

Костадиновски се сомнева дека извесен млад човек Бојан од Драчево го запалил волвото во кое се возел и Самоил, а полицијата не го гони зато што тој не признавал дека направил вакво дело.

– Па кој сака да признае дека сторил кривично дело. Излегува дека не е ништо со тоа што го нема Самоил, полицијата мисли дека си ја заврши работата па сега ние сами. Ние немаме доверба ниту во власта, ниту во полицијата, ниту во обвинителството. Полицијата не донела доволно докази до јавниот обвинител кој треба да изгради обвинение кое треба да го докаже. Ова излегува дека работата смрди кај истрагата во полицијата која ја затвори папката и рече дека е се предадено во судот – откри татко му на Самоил.

Семејството се сомнева дека Самоил е мртов поради мотивот, а тоа се парите и поради доказот дека истото возило веднаш било запалено.

– Не наведува помислата дека тие истите криминалци го направиле делото затоа што тој носеше пари со него, има настанато тепачка за да му го земат парите на сила. Самоил беше добар спортист, има дигнато раце за да се одбрани и тие го имаат убиено и закопано. Ако не го убиле, зошто автомобилот го запалиле во Драчево – рече Љупчо.

Самоил се занимавал со спорт, има сопруга и две деца, според татко му бил народен човек, се дружел со сите, а бил и спортист на годината во јуниорска конкурекција во кик-бокс.

И да има осудителна пресуда против двајцата обвинети за грабнување, семејството на Самоил нема да се помири и бара да се прошири истрагата со повеќе обвинети.

– Ние не сме задоволни од бројот на обвинети во обвинението. Сакаме да се прошири и да има обвинение за Бојан од Драчево кој ја запалил колата. Еден од обвинетите за грабнување трипати даваше лажна изјава за тоа каде го оставил син ми, а на прашањето на обвинителот каде заминал откако го оставил Самоул, рече дека отишол потоа кај некој другар од Драчево. Тоа е тој што го запалил волвото. Сестрата на обвинетиот на социјалните мрежи, кога медиумите почнаа да пишуваат дека се работи за внук на Љубе Бошковски, напиша дека треба да му се убие цело семејство на Бошковски. Таа го брани нејзиниот брат, а каде е моето дете Самоил – праша Костадиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

A1on

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

A1on

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on

Пресудата за грабнувањето на Самоил Костадиновски закажана за в четврток

Катерина Ѓуровски

Киднапирање на внукот на Бошкоски: Го грабнале за да плати украден хероин

Катерина Ѓуровски