Зградата во Подгорица, во која се сместени Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица, се евакуирани поради дојави за поставени бомби, јавува РТЦГ.
Вработените се евакуирани, а полицијата ги проверува просториите.
РТЦГ наведува дека ова не е првпат судовите да се евакуираат поради дојави за експлозивни направи.
На мејловите на судовите пред дваесетина дена пристигнаа пријави кои се покажаа дека се лажни.