Тројца загина, а десетици се повредени во тепачки и вооружени конфликти на избирачки места во југоисточна Турција, јавија турските медиуми.
Турската новинска агенција Анадолу јави дека едниот конфликтот се случил во областа Агајлидере во провинцијата Дијарбакир и дека две повредени лица се во критична состојба.
Исто така, со камења оштетени се и две возила на брза помош.
Во вториот инцидент, настрадал исто така еден човек, а четворица се повредени.
Conflicts and fights occur from time to time at different polling stations during municipal #elections in #Turkey.
According to Turkish media, the incident in #Elazig is recorded in this video. pic.twitter.com/yWIB5t4uJf
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) March 31, 2024
Новинската агенција DHA објави дека тепачка избила и на избирачко место во областа Халфети во провинцијата Санлиурфа. Како резултат на конфликтот меѓу набљудувачите и гласачите, 16 лица се повредени, а гласањето било прекинато. Едно лице е избодено во Афјонкарахисару на западот на земјата.
Turkish media: during the voting in #Diyarbakir, a conflict broke out between representatives of the parties with the use of weapons, stones and sticks. It is noted that there are many injured people.#Turkey #Elections pic.twitter.com/7E7MNJsp34
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) March 31, 2024
Околу 61,4 милиони турски гласачи гласаа денеска ширум земјата за да изберат градоначалници на 81 град, вклучително и 30 мегаградови, градоначалници на општини, области, месни заедници и селски совети. На изборите учествуваат кандидати од 34 политички партии.
За време на изборите беа ангажирани околу 600.000 полицајци како дел од засилените безбедносни мерки.