Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на обиколката на аеродромот во Батајница изјави дека леталата што се наоѓаат во српскиот воздушен простор како што беше случај вчера, треба да бидат соборени.
Вчера над Ваљево е забележан непознато летало, поради што српското воздухопловство подигна два борбени авиони МиГ-29.
Вчера тоа беше балон или голем шпионски дрон. Брзо ја напушти областа. Следниот пат треба да дејствува противвоздушната одбрана и да го собори леталото, па ќе утврдиме чие е“, рече Вучиќ.
Вучиќ најави и дека за набавката на борбени авиони Рафал ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата претстојна посета на Париз.
„Ако не можеме да го добиеме Rafale, ќе добиеме нешто друго. Мораме да се грижиме за регионот. Како воено неутрална земја, треба да бидеме посилни за да можеме да ја зачуваме таа неутралност“, рече Вучиќ во Батајница.