Пожарот во тетовско Вешала се проширува, се бара итна воздушна поддршка

Од:

Пожарот над село Вешала во Општина Тетово и утрово е се уште активен на недостапен терен, а со засилување на топлиот ветер што го засилува и огнот е зафатена букова шума информира Центарот за управување со кризи.

– Екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово утрово се на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можат да го локализираат пожарот. Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола.Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција, се вели во соопштението од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on