Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Од:

Пет клубови од првата македонска фудбалска лига и два второлигаши се под истрага за местење на натпревари.

Полицијата влезе во Фудбалската федерација каде се проверува документацијата и се прибираат информации за клубови, натпревари и официјални лица со сомневање за местење на натпревари.

Од Фудбалската федерација на Македонија се огласија и истакнаа дека елосно соработуваат со органите.

-Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн. Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, информираа од ФФМ.

Постапката е иницирана по добиени информации и препораки од „Спортрадар“, тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски