Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.
Две лица се удавија во четвртокот во градот Тарагона на истокот на Шпанија и две во регионот Астурија на северот на земјата, објави Ел Паис.
Во Тарагона големи бранови предизвикани од силните ветрови зафатиле 32-годишен маж кој се обидел да спаси 16-годишник кој паднал во морето, а двајцата загинале.
Во регионот Астурија, британски турист и жена паднале во морето и се удавиле во бранови високи до осум метри.
Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час.