Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот

Од:

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали е обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за наводно прекршување на правилата за обложување.

Тонали моментално ја отслужува 10-месечната суспензија изречена од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во октомври поради кршење на правилата за обложување во Италија.

Тој се пресели во Њукасл од Милан во јули 2023 година за 55 милиони фунти.

ФА соопшти дека Тонали ги прекршил правилата ставајќи 50 облози на натпревари помеѓу 12 август и 12 октомври 2023 година.

Тонали беше суспендиран од ФИГЦ поради обложување на натпревари во кои учествуваат неговите тимови Бреша и Милан, а ФИФА подоцна го одобри барањето на италијанската федерација за продолжување на забраната на меѓународно ниво.

Обвиненијата на ФА се однесуваат на одделни инциденти во периодот додека Тонали веќе беше играч на Њукасл.

Иако не може да игра на натпревари, на Тонали му е дозволено да тренира со тимот за време на суспензијата.

Тонали има рок до 5 април да одговори на наводите на ФА.

Би можело да ве интересира

Сити извлече само бод против Њукасл

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

ВИДЕО: Капитенот на Њукасл се испотепа со осуммина, летаа шишиња и боксови

Предраг Петровиќ

Првото засилување слета во Њукасл

Предраг Петровиќ

Саудиските газди на Њукасл вкупно инвестирале 450 милиони фунти во клубот

Саудиските газди на Њукасл се инвеститори во компанијата која го купи Челси?