„Се е прегледано, Данка ја нема“ – спасувач зборува за девојчето по кое се трага веќе 46 часа

Од:

Спасителот на Горската спасувачка служба на Србија (ГСС) Алекса Глушчевиќ изјави дека можноста Данка Илиќ (2), по која се трага три дена, да е во куќа во Бањско поле кај Бор е исклучена.

Тој појасни дека припадниците на Горската спасувачка служба биле на терен еден час по пријавувањето на исчезнувањето на девојчето, во координација со припадниците на МВР кои веќе биле таму и додаде дека била прегледана секоја куќа, како и целато Поле.

Како што појасни за Танјуг, на првиот ден од потрагата по девојчето Данка Илиќ, учествувале многу локални жители, голем број припадници на жандармеријата, како и припадници на МУП, додавајќи дека според проценките, имаше околу 500 луѓе на теренот првиот ден.

„Што се однесува до увидот на целата населба, тој беше извршен од страна на МУП, секоја куќа беше проверена за да се исклучи моментот кога детето случајно не отиде во куќа, особено ако нема никој, тоа го вршеше МУП, тоа не е наша дејност, а што се однесува до увидот на теренот и шумата, се е детално прегледано“, рече Глушчевиќ.

Би можело да ве интересира

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Анита Петровска Рајковиќ

Истражителите од случајот „Данка“ ги чекаат резултатите од вештачењето на ДНК материјалот

Горан Наумовски

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат