Тошковски: И покрај опструкциите, ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека „и покрај сериозните опструкции од страна на Владата со кои се соочува“, ќе стори сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас.

Тој на денешната панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институтот „ОХРИД“, рече дека Владата незаконски поништила негови акти и не му дозволила да назаначи началник на СВР Тетово.

-Значи овие како Влада не дозволија не само мене, туку не дозволија и на дополнителниот. Не со име и со презиме, туку со работна позиција, не дозволија промена на систематизација, која ќе овозможеше поставување од моја страна началник, од страна на дополнителен началник којшто требаше да го гарантира фер и демократскиот процес на територија на Тетово, Гостивар, Брвеница, Јагуновце и итн, изјави Тошковски.

Тошковски притоа додаде дека од Владата сѐ уште не добил правно образложение.

-Ми беше ветено дека ќе ми биде дадено правно образложение зошто Владата смета дека по закон го немам тоа право. Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас, потенцираше министерот Тошковски, порача Тошковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

А1он

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

А1он

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски