САД денеска воведоа санкции за субјектите за кои тврди дека се финансиски и трговски посредници за јеменските Хути, иранските сили Кудс и либанската група Хезболах.
Санкциите се насочени кон шест субјекти, еден поединец и два танкери со седиште или регистрирани во Либерија, Индија, Виетнам, Либан и Кувајт, пренесува Ројтерс.
Американското Министерство за финансии во соопштение рече дека тие се ангажирани во олеснување на испораката на стоки и финансиски трансакции до овие милитантни групи од Блискиот Исток.