Полицијата извести дека вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош било пријавено дека во нива во атар на велешкото село Сујаклари констатирале смрт кај А.К.(73) од селото.
Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.