(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Од:

Денеска околу 10.30 часот по локално време, во Киев одекнаа неколку жестоки експлозии. Неколку домашни и странски новинари, меѓу кои и Ројтерс, известуваа за експлозиите во главниот град на Украина. На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат сирени и експлозии додека децата од училиште трчаат кон скривниците. Една жена е повредена во рускиот ракетен напад врз Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Според прелиминарните информации, во ракетниот напад на Киев има оштетени згради во областа Печерск. Оштетена е станбена зграда. Оперативните служби се на лице место“, се вели во соопштението, пренесува Укринформ.

Во Киев одекнаа неколку експлозии, а градската управа соопшти дека градот има противвоздушна одбрана. Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив колона чад била забележана на источниот брег на реката Днепар во Киев. Не долго потоа, воената администрација на Киев објави дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерската област во градот, оштетувајќи една станбена зграда.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3