Mедицинските хербалисти препорачуваат да се пијат неколку шолји дневно чај од хибискус. Со нив за неколку недели се снижува крвниот притисок, советуваат овие стручњаци.
Подгответе чај од хибискус, топол или ладен, засладен со мед или свежо нане за арома. Во сушена форма може лесно да го најдете на нашиот пазар.
Ако пиете три шолји дневно во период од шест недели, на вашиот повишен притисок чајот би можел да делува исто како што би делувале и лекови за снижување на крвниот притисок, тврди Луси Стивенс, медицински хербалист.