Познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов почина денеска на 51-годишна возраст.
Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија.
Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.