Принцот Хари и војвотката Меган во кратка изјава за „Харперс базар“ ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата од Велс, Кетрин.
Јавноста веќе неколку недели шпекулираше околу судбината на една од најпопуларните членки на кралското семејство. Принцезата Кетрин или Кејт Мидлтон, како што се уште е позната во јавноста, „исчезна“ после Божик. Се ширеа теории на заговор дека е мртва или дека го напуштила принцот Вилијам, кој е наследник на кралскиот трон.
Веста дека има рак ја шокираше јавноста, а многу од теоретичарите на заговори си ги „повлекоа“ мислите и ѝ посакаа добро здравје на принцезата.
Секако, оваа вест ги поттикна и „оттуѓените“ Меган и Хари да дадат изјава.
„Ѝ посакуваме добро здравје и закрепнување на Кејт и семејството. Се надеваме дека ќе можат да го направат тоа приватно и во мир“, се вели во кусото соопштение кое портпаролот на парот од Сасекс го испратил до магазинот.