Бројот на загинати во терористичкиот напад во Русија расте и понатаму. Според последните информации, овој број веќе е над 100, односно официјално се потврдени најмалку 115 лица, додека се стравува дека може да има и повеќе.
Тела на загинати се откриваат при расчистување на урнатините на концертната сала Крокус, но и во помошните простории.
Продолжува потрагата по повредени и мртви.