Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја повика меѓународната заедница да го осуди „монструозното злосторство“ по нападот на концертната сала во близина на Москва, јавува Ројтерс.
Во меѓувреме, чеченскиот лидер и близок соработник на Путин Рамзан Кадиров се огласи и рече: „Силно ги осудувам ваквите акти на насилство, бруталност и непромисленост врз цивилите“.