По гранатирањето на „Запорожје“, многу региони во Украина се без струја и интернет

Од:

Една од двете високонапонски линии што ја снабдуваа нуклеарната централа Запорожје беше исклучена по рускиот напад на Украина во ноќта меѓу четвртокот и петокот.

– Во петокот наутро беше исклучена линијата Днипровскаја од 750 киловолти. Нуклеарната централа Запорожје се снабдува со електрична енергија преку резервната линија од 330 киловолти на Ферославнаја – соопшти управата и нагласи дека нема закана за безбедноста и дека нивото на радијација во нуклеарната централа и околината е непроменето.

Во моментов, сите блокови на нуклеарната централа Запорожје се затворени.

Министерството за енергетика на Украина наведува дека евидентирана е голема штета на производствените капацитети, односно системите за пренос и дистрибуција во многу области.

Министерот за енергетика Герман Галушченко наведува дека многу региони во моментов се без струја и интернет.

– Енергетските работници веќе работат на враќање на електричната енергија – рече министерот Галушченко и додаде дека денешните напади врз критичната инфраструктура се најголемите напади врз енергетскиот сектор на Украина во последно време.

При нападот била погодена и хидроцентралата во Дњепропетровск.

Украинските канали на Телеграм објавуваат снимки на кои се гледа дека хидроцентралата се уште гори.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина