Пленковиќ: Милановиќ ја води Хрватска во рускиот табор

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска во Брисел дека претседателот Зоран Милановиќ ја води Хрватска во рускиот табор и му порача дека уште долго ќе остане премиер.

„Се работи за човек кој ја води Хрватска во рускиот табор, кој не води во изолационизам во ЕУ и кој направи голема надворешнополитичка штета“, рече Пленковиќ, кој учествува на редовниот пролетен самит на ЕУ во Брисел.

Одговарајќи на зборовите на Милановиќ дека ова е последен самит на ЕУ на кој ќе учествува, Пленковиќ рече дека ќе биде на следниот состанок на Европскиот совет и низа други такви состаноци и дека Милановиќ „ќе биде целосно ирелевантен и на маргините на сите важни политички процеси во Хрватска и во Европа“.

За најавата на Милановиќ на Фејсбук дека по овој самит ќе замине во Луксембург и ќе даде изјава пред европскиот јавен обвинител, Пленковиќ рече дека се знае дека Милановиќ „инаку е духовит човек и дека ова е еден од неговите успеси“.

Пленковиќ рече дека надворешнополитичката рамнотежа на Милановиќ е нула, дека никој не дошол кај него ниту отишол никаде, „освен каде што треба да биде на мултилатерална средба според функцијата“.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Никој не добил мандат да работи на црно, ќе има последици

Горан Наумовски

Пленковиќ: Целта на резолуцијата за Јасеновац е да се нарушат односите меѓу Хрватска и Црна Гора

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Пленковиќ доби мандат да формира влада

Пленковиќ: Имаме мнозинство за формирање нова Влада

Пленковиќ најави распуштање на хрватскиот Сабор најдоцна до 22 март