Николовски: Во тек е постапката за продолжување на договорите за закуп на земјоделско земјиште за земјоделците во Свети Николе

Од:

Во тек е постапката за продолжување на договорите за закуп на земјоделско земјиште за земјоделците во Свети Николе, но и во другите општини во земјава, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска по пошумувањето во атарот на село Богословец одговараше на новинарско прашање, дали им се излезе во пресрет на барањата на 81 земјоделец од оваа општина.

Тој забележа дека лани при посетите на Свети Николе, земјоделците од него побарале новите договори за закуп наместо на пет да бидат на 15 години, а исто така и надоместокот на закупнината, да биде ист како во 2008 година кога ги склучиле првите договори. Николовски потенцира дека на овие барања на земјоделците им е излезено во пресрет и се направени законски измени.

-На последниот состанок со земјоделците во Свети Николе, на кои први им истекуваат договорите заедно потпишавме петиција, односно тие изразија поддршка и на министерот и на министерството во поглед на продолжување на овие договори, односно на редовната постапка, којашто треба да се спроведе и ние таа постапка ја спроведуваме. Разговаравме со државното Правобранителство, завчера јас лично бев на состанок. Разговаравме со Секретаријатот за законодавство и со останатите институции и лично сметам дека нема пречка и во овој период, кога имаме распишани избори, заради тоа што продолжувањето на ваков тип договори, воопшто не е забрането со Изборниот законик. Заради тоа што не станува збор за располагање, туку станува збор за закуп и за користење на државно земјоделско земјиште од страна на исти физички лица и верувам дека како доаѓаат роковите така и во следните месеци истите договори веќе ќе бидат на Владина седница и ќе бидат процесуирани, вели Николовски.

Тој истакна дека од страна на министерството поголем дел од документите се веќе подготвени и се закачени на системот е-влада, на кои се собираат мислења и по што ќе се донесат согласности од страна на Владата, а потоа како што рече Николовски согласно Законот за земјоделско земјиште министерството ќе ги склучи договорите за закуп на земјиштето со земјоделците од Овчеполскиот регион. Николовски додаде дека во Собрание има и пакет за измени за Законот за земјоделско земјиште, со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски