Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Од:

Шпанската полиција денеска уапси најмалку шест лица и изврши претрес во канцелариите на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) како дел од истрагата за корупција и перење пари, пренесува АП.

Шпанската полиција соопшти дека извршила рација во канцелариите на РФЕФ во близина на Мадрид и во резиденцијата на поранешниот претседател на Федерацијата Луис Рубиалес во Гранада. Рубиалес не е меѓу уапсените. Извор близок до АП изјави дека Рубиалес моментално е надвор од земјата.

Полицијата започна истрага за корупција и перење пари поради сомневање за договор меѓу РФЕФ и Саудиска Арабија за шпанскиот Суперкуп што ќе се игра во оваа земја од Блискиот Исток.

АП пренесува дека шпанското државно обвинителство објавило дека биле претресени вкупно 11 простории во потрага по документи и дека очекува операцијата да заврши со апсење на седум лица и идентификација на уште пет лица под истрага.

Рубиалес поднесе оставка во септември минатата година, откако предизвика меѓународен скандал кога без нејзина согласност на подиумот ја бакна во уста Шпанката Џени Хермосо за време на церемонијата на трофејот на Светското првенство во Сиднеј каде Шпанија ја освои титулата.

За време на неговиот мандат како шеф на РФЕФ, Рубиалес го промени форматот на Суперкупот во 2020 година. Тој создаде турнир со четири тима и го префрли во Саудиска Арабија како дел од договор вреден 40 милиони евра по сезона.

Обвинителите започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беше објавена аудио снимка помеѓу Рубиалес и фудбалерот Жерар Пике во врска со провизии од милиони долари.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик