Ана Брнабиќ, потпретседател на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, денеска е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија. Пратениците во српското собрание јавно гласаа за избор на претседател на Собранието.
Со мнозинство гласови, по седум часа дискусија, беше одлучено гласањето за избор на претседател на Собранието да се одржи јавно. Беа повикани народните пратеници, а од присутните 158 пратеници, 153 гласаа за Ана Брнабиќ, пет беа против, а воздржани немаше.