Затвореникот С.Б. кој имал над 70 години починал во затворот во Падинска скела на почетокот на февруари, дознава „Блиц“. Како што неофицијално дознава, постојат сомненија дека починал како последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи.
Починатиот бил во затвор поради издржување казна од 30 дена за прекршување на Законот за јавен ред и мир.
Обвинителството нареди истрага за да се утврдат сите детали за неговата смрт. Се сомневаат дека бил малтретиран од стари затвореници.
По трагичниот настан, управникот на овој затвор е сменет.
Падинска скела е најмодерниот затворски комплекс во Србија, воедно и озлогласен затвор во кој се сместени тешки криминалци, а со години тој казнено-поправен центар го тресат сексуални скандали.