ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Од:

Јужнокорејски танкер се преврте рано утринава кај остров во југозападна Јапонија, а крајбрежната стража соопшти дека спасила четворица членови на екипажот и се уште трага по седум исчезнати.

Крајбрежната стража соопшти дека добила повик за помош од танкерот за хемикалии Keoyoung Sun. Во повикот се вели дека тој се превртел додека барал засолниште во близина на јапонскиот остров Муцура поради лошите временски услови.

Островот се наоѓа веднаш до југозападниот крај на главниот јапонски остров Хоншу, на околу 1000 километри од Токио. Бродот подоцна целосно се превртел, соопшти крајбрежната стража. Снимките на телевизијата НХК покажаа дека бродот целосно се превртел, а разбрануваното море ја мие неговата црвена долна страна. Не е позната состојбата на спасените членови на екипажот.

Телевизијата NHK објави дека во екипажот имало Кинез, двајца Јужнокорејци и осум Индонезијци. Засега не се познати други детали, вклучително и како се превртел бродот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови