(ВИДЕО) Кузеска: Цела шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид

Од:

Објавуваме скандал со непотизам во општина Охрид, цела една испреплетена шема на ДПМНЕ и Кирил Пецаков. Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски челнови на ДПМНЕ во Охрид, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Да почнеме по ред. Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид.К умот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски. Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид. Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Скопје. И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец.

Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д.. Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид – кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори. Долга е листата на непотизмот на ДПМНЕ и Кирил Пецаков во Охрид. Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков. Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец. И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција.

Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата. Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков. Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод. Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така в Охрид. Погледнете ја оваа шема на непотизам на ДПМНЕ и Пецаков во Охрид. Ништо не е променето во ДПМНЕ, видовме и во Скопје, непотизмот, партиските и фамилијарни вработувања на грбот на граѓаните се нивна одлика. Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Власта ја партизира АЕК и ухлебува некомпетентни кадри – спорен избор на Трпковска

(ВИДЕО) Кузеска: Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојан Христовски по примерот од Велес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност