„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Од:

На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Денешна прес конференција во којa говорат за работата на Општина Аеродром е само уште еден од низата неуспешни обиди за дефокус од лошите политики кои оваа партија ги спроведува на централно ниво. Ширењето лажни вести и манипулирањето на јавноста доведува до поголема поларизација во општество и тоа оди во прилог само на СДСМ. Уплашени од губењето на власта, тие не бираат средства и механизми за ја девалвираат работата на општината Аеродром, велат од Општина Аеродром по денешната прес конференција на СДСМ.

„Политичката партија која е синоним на неработење, корупција и криминал, не само што ја донесе Македонија на врвот на сите листи по сиромаштија и корупција, туку и на локално ниво бележи само порази и неуспеси. По катастрофалниот пораз на последните локални избори, СДСМ во изминатите две години стана политичката партија која изгуби три советници и има најнизок рејтинг во Аеродром. Тоа е последица на лошото раководење, и криминалната матрица во која оваа партија е влезена на централно и локално ниво. Општина Аеродром е модел за одговорно работење и домаќинско трошење на парите. Вистински пример кои треба да го следат и да учат градоначалниците кои доаѓаат од редовите на СДСМ. Општина каде во изминатите две години се реализираа стотина проекти, и таквиот начин на работа продолжува и во следниот период“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски