ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега

Од:

Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај. Функционерите од СДС и ДУИ кои изминатиов период ги злоупотребуваа службените возила за партиски потреби и поминуваа неказнето, да знаат дека ако продолжат истото да го прават и во периодот до избори за тоа ќе има одговорност, е нагласено во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Злоупотреба на службени возила не смее да има ниту од функционерите на власта во подолните ешалони. Службените возила не се сопственост на функционерите, туку на државата, платени со парите на народот преку даноци. Доколку било кој функционер злоупотреби службено возило тоа ќе биде предмет на истрага и санкција по 8 мај. Време е да се одвои државата од партијата, со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот