Голем број Американци се уште не знаат за кого ќе гласаат на претседателските избори во ноември, а дури 11 отсто од нив се изјасниле дека нема да гласаат за кандидатот на Републиканската или Демократската партија, покажа истражувањето на Ројтерс и Ипсос.
Околу 15 отсто од гласачите изјавиле дека ќе гласаат за независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор, додека актуелниот претседател, демократот Џо Бајден има поддршка од 39 отсто од гласачите, а републиканскиот кандидат Доналд Трамп има околу 38 отсто од гласачите.
Се проценува дека Кенеди би можел да им ги одземе гласачите и на Бајден и на Трамп, а во случај само двајцата да бидат изборот, 50 отсто од регистрираните гласачи би гласале за Бајден, а 48 за Трамп, наведува Ројтерс.
Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.