Скопјанка малтретирана од поранешно момче

Од:

Дваесетгодишната скопјанка И.Ѓ. завчера преживеала вистински хорор кој и го приредил поранешниот дечко.

Според полицијата, таа пријавила дека околу 20 часот додека седела во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Катланово, дошол М.М.. и ја внел во неговото возило. Откако стигнале кај место близу во селото каде се ископувало јаглен, почнал да ја малтретира.

По долго физичко малтретирање, успеала да излезе од возилото, но тој ја фатил и со камен ја удрил по глава и продолжил да ја малтретира.

Потоа ја внел во возилото и откако почнало да се разденува ја вратил во Катланово заканувајќи и се да не го пријавува случајот.

Полициската станица Гази Баба презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски