Две лица загинаа, а 26 се повредени во експлозија што се случи денеска во ресторан во провинцијата Хебеи во северна Кина, соопштија локалните власти.
Се сомнева дека имало истекување на гас во ресторан во округот Санхе, градот Лангфанг, што ја предизвикало детонацијата, извести Канцеларијата за вонредни ситуации, пишува China Daily.
На терен се испратени вкупно 154 пожарникари и 36 противпожарни возила. Пожарот е ставен под контрола, а спасувачката операција е во тек, соопшти пожарникарската служба на градот Лангфанг.