Во наредните недели во Косово ќе пристигне дополнителен пешадиски контингент од редовите на вооружените сили на германскиот Бундесвер за да ја засили мировната мисија на КФОР.
– Мисијата КФОР на Косово функционира веќе 25 години. Ова е најдолгиот ангажман на Бундесверот во странство. Во наредните недели германскиот контингент ќе биде засилен со пешадиски баталјон. Безбедносната состојба останува нестабилна – објави во понеделникот германскиот магазин за безбедносна политика.
НАТО го зголеми бројот на војници во Косово поради нестабилната состојба и настаните во Звечан и Бањска, па дополнителни 1.000 војници дојдоа под команда на КФОР.