Некои земји од НАТО веќе испратија свои војници во Украина, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
Тој го кажа ова на дискусијата по повод 25-годишнината од приемот на таа земја во Алијансата и посочи дека нема намера да открива кои земји испратиле војници таму, „за разлика од некои политичари“.
NATO TROOPS ALREADY IN UKRAINE!
Polish Foreign Minister Radosław Sikorski:
"Some countries", which Im not going to name, have already sent their troops to Ukraine"
"Unlike other politicians, I will not list these states" pic.twitter.com/UBdWV4y3ek
— WORLD AT WAR (@World_At_War_6) March 10, 2024
„Некои земји, кои нема да ги именувам, веќе испратија свои војници во Украина. За разлика од другите политичари, јас нема да ги набројувам овие земји“, рече тој.