Статуата на Брус Ли која пред извесно време ја снема од постаментот сега е пронајдена. Во градот Мостар оваа статуа беше поставена во 2005 година, а била пронајдена кај лице кое било уапсено.
Според сознанијата на локалната полиција, приведеното лице ја украло статуата, ја чувало во својот дом и во меѓувреме ја оштетило.
Споменикот исчезна од паркот Зрињевац на 2 март и од тогаш полицијата беше во постојана потрага, со намера да ја врати на место.