Руските системи против воздушни напади детектирале и собориле најмалку 47 беспилотни летала на украинската војска, над Ростовската, Волгоградската, Курската и Белородската област.
Слична е ситуацијата и на Украинската страна, каде се соборени меѓу 33 и 37 дронови кои биле лансирани во текот на изминатата ноќ, потврдило и украинското Министерство за одбрана.
Повеќе експлозии се чуле утрово во предградието на градот Крив Рог, а засега нема информации за повредени и настрадани.