„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Од:

Вработени во национални шуми во неколку наврати одземале дрва од жители на струмичко и валандовско бидејќи наводно ги затекнале нежигосани, што значи исечени без дозвола. Но вработените никаде не пријавувале дека дрвата се одземаат. Односно во белешките, без без број и датум, стоело дека дрвата се најдени во напуштени куќи. На селаните од кого ги одземале дрвата пак им кажувале дека нема да им издадат белешка за одземеното затоа што нема да им пишат казна. Каде завршувале овие дрва е прашање на кое обвинителството ќе бара одговор. а вработените добија кривична и за попречување на правдата бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои им го одзеле тракторот и дрвата.

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(55) од Валандово, И.Д.(50) од село Собри, валандовско, К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово, против Ј.И.(55) од село Брајковци, валандовско и Д.Д.(38) од Валандово, двајцата вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и Т.Џ.(57) од село Костурино, струмичко.

„ На 29.02.2024 на патот од село Орманли кон село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица затекнале трактор со приколка на која имало натоварено нежигосани огревни дрва, кој го управувал И.Д. од село Собри, а пред него во пaтничко возило на Шумска полиција биле затекнати пријавените Ѓ.И., Ј.И., Д.Д. и сопственикот на тракторот Т.Џ.. Притоа, од лицата била побарана соодветна документација за дрвата кои ги превезуваат, нa што од Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. им било одговорено дека немаат документација и дека ги пронашле во запуштена куќа на планината„ велат од МВР.

До доаѓањето на увидната екипа на местото, пријавените Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети без број и датум, а во описот напишале дека дрвата биле одземени од непознат сторител. Тие изготвиле и записник без број и датум.

По преземени мерки и активности било утврдено дека пред да бидат затекнати од полициските службеници, пријавените Ѓ.И., И.Д., Ј.И. и Д.Д. со возилото на Шумска полиција, а пријавениот Т.Џ. со трактор отишле во двор на жител на село Орманли, каде затекнале бесправно исечени огревни дрва, кои ги одзеле и натовариле на тракторот, без притоа на лицето да му издадат соодветна документација.

Во разговорот со жителот на село Орманли, тој појаснил дека во последната година на ист начин од дворното место во три наврати му биле одземани огревни дрва од вработени во Шумска полиција и за тие случаи, исто така, не му издавале документ за одземање, со изговор дека не му даваат документи бидејќи нема да му напишат казна.

Истиот ден, тракторот бил однесен во шумски склад во Струмица, дрвата биле растоварени, а во моментот кога лицата биле информирале дека тракторот ќе биде одземен, пријавените Ѓ.И., Д.Д., Ј.И., Д.И. и М.К. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршување на дејствијата.

За сите преземени дејствија бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата е поднесена кривичната пријава.

Пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368 -а, пријавениот К.М. дека сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 – а, а пријавениот Т.Џ. дека сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски