ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и СДС во немоќ, почнаа да напаѓаат жени со лажни вести знаејќи дека им се ближи крајот

Од:

Пендаровски и СДС, веќе немаат ни самопочит, а камоли почит, кон својот политички противник, професорката Силјановска-Давкова, каде секојдневно ја напаѓаат со докажани лажни вести. Најново и подмукло, се обидоа со фотографија стара 5 год., да претстават лажна слика пред граѓаните, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а жената која ја напаѓаат, има многу добри познати ставови пред јавноста, во врска со договорот под бугарски диктат, кој го прифатија Пендаровски и СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Веќе нивното лицемерие не може да се измери, истите тие, кој Бојко Борисов, го нарекуваа нивен брат, а како Пендаровски милуваше да му се обраќа со “љубави”, народот никогаш нема да заборави. На манипулаторот Пендаровски и неговата партија СДС, веќе ниедна лага не може да им помине пред граѓаните. Тоа е повеќе од јасно, а уште појасно ќе им биде на денот на изборите, кога народот ќе им пресуди, за сите криминали и лаги, што ги вршеа овие 7 години – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси