ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски тврдеше дека е ван памет да се менува Уставот по барање на Бугарија, а денес е главен поборник за промена

Од:

Зборовите на Стево Пендаровски треба да се земаат со огромна резерва. Тој е синоним за човек кој едно кажува до пладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта веќе се демантира. Без срам и перде во 2020 година зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот устав во контекст на бугарските барања и вето. Тој дури и со неговата типична ароганција тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и такво прашање не било ставено на маса. Кажа и излажа, по кој знае кој пат, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пендаровски ставовите ги менува како дува ветрот. Тоа не е ниту достоинствено, а уште помалку државнички. Денес Стево Пендаровски без око да му трепне, како никогаш да не кажал поинаку, ги убедува граѓаните дека треба да се промени македонскиот устав по бугарски диктат. Дали Пендаровски денес е “ван памет“ кога заговара отворање и менување на уставот? Има ли овој човек дигнитет. Очигледно не. Тој изгуби и кредибилитет и интегритет, но најстрашно е што понижувајќи се себеси и лижејќи кај што плукал, го погазува и достоинството на народот, функцијата и државата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање