На граничниот премин „Прешево“, српските царински службеници спречија обид за шверц на над 42 килограми синтетичка дрога сокриена во резервоар на камион.
Случајот бил откриен кога камион со странска регистрација кој се движел од Грција кон Белгија бил издвоен за преглед на мобилниот скенер на царината.
Анализирајќи ја сликата од скенерот, забележани се неправилности во пределот на резервоарот за гориво, кој е преграден за шверцерски цели.
Царинските службеници забележале дека просторот наменет за шверц е маскиран со специјален кит за да изгледа дека е фабрички направен.
Деталниот преглед ги потврдил сомнежите на снимката од скенерот, бидејќи внатрешноста на резервоарот била поделена така што само една четвртина добивала гориво, додека поголемиот дел од резервоарот се користел за криење на наркотици.
Откриени се вкупно 63 пакувања прашкаста материја со тежина од 42.337 грама, кои при рачно тестирање реагирале на синтетичката дрога МДМА и амфетамин.
Дрогата заедно со возачот и камионот во кој се шверцувала наркотикот е предадена на полицијата за понатамошна надлежност.