Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Од:

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, денеска го презентираше Студентскиот манифест, документ кој се залага за подобрување на студентскиот стандард и подобра иднина за сите студенти.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски, како клучни цели ги посочи воведувањето на бесплатно високо образование за студентите на прв циклус на студии преку нов финансиски модел во земјава, сеопфатна евалуација на големиот број на студентски програми, формирање на Национално студентско собрание преку измени во Законот за високо образование, подобрување на студентскиот стандард, интернационализација во високото образование, дигитализација, почитување на роковите кои се дадени во националната стратегија за млади, како и поголема кадровска и финансиска автономија на универзитетите.

Посочи дека од ноември, откако е формиран овој состав на Универзитетското студентско собрание, остварени се средби со институциите кои имаат позитивен исход, но како што рече, за одредени прашања се уште изнаоѓаат начин како да се подобрат.

– Добра мерка е што сега преку законско решение го изменивме функционирањето на мерката студентски оброк, но и другите мерки треба да ги подобруваме. Константно сме во комуникација и се бориме за позитивни промени за подобрување на студентскиот стандард, рече Николовски.

Портпаролот на Универзитетското студентско собрание, Данило Крстовски, вели нивна одговорност е да укажат на есенцијалните компоненти кои ќе го надградат досегашниот образовен систем, и потенцира дека неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки.

– Неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки, за зачувување на досегашните основи и употреба на современи методи за зајакнување на позициите на универзитете. Во името на студентите од целата држава, ние студентските претставници од веќе споменатите универзитетски студентски тела се обединивме и го објавуваме овој студентски манифест со цел да ја прикажеме афирмацијата на студентскиот глас, студентските предизвици и соочувањето со иднината, посочи Крстовски.

Апатијата што е карактеристична за општеството не ги одминува ни студентите, вели Крстовски и истакна дека нивната задача е да се надмине апатијата кај студентите.

– Се обидуваме да воспоставиме систем на обострана комуникација којшто ќе ги намали пречките кои што ги имаме во разбирање како функционираат институциите, према она што ние ги имаме. Затоа се што произлегува барем од овој состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, произлегува со основа. Она што го бараме се темели на реални барања што произлегуваат од студентите, посочи Крстовски.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири