Кремљ ги коментираше американските избори

Од:

Кремљ објави дека Русија нема да се меша во ноемвриските претседателски избори во САД и ги отфрли американските заклучоци дека Москва организирала кампањи за да влијае на претседателските избори во САД во 2016 и 2020 година.

Рускиот претседател Владимир Путин упати низа иронични забелешки за изборите во САД, велејќи дека мисли дека Џо Бајден е подобар од Доналд Трамп како следен претседател на земјата.

„Никогаш не сме се мешале во изборите во САД“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во предавањето пред студентите за стереотипите за Русија.

„Ниту овој пат не сакаме да се мешаме… Никому не диктираме како да живееме, но не сакаме и другите да ни диктираат како да живееме“, рече тој.

Тој рече и дека ќе биде спречен секој обид за мешање од странство на претседателските избори во Русија во март. Русија не се грижи за западните критики кога се во прашање руските избори, чиј победник, доколку не се случи неочекуван пресврт, ќе биде Владимир Путин.

Извештајот од 2019 година на американскиот специјален советник Роберт С. Мулер покажа дека Русија „се мешала во претседателските избори во 2016 година на систематски начин“, а американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија се мешала и во изборите во 2020 година.

Во 2021 година, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање објави извештај во кој се наведува дека Путин одобрил серија потези кои имаат за цел да ја дискредитираат кандидатурата на Бајден, да ја поддржат кандидатурата на Трамп и да ја поткопаат довербата на јавноста.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп за Украина

Кремљ: Путин е отворен за дијалог за Украина со сите заинтересирани страни