Хрватскиот Институт за океанографија и рибарство соопшти дека во текот на изминатата зима добиле информација дека се пронајдени „дури четири примероци од рибата Појас (Regalecus glesne)“.
Објаснија дека е џин меѓу рибите, најдолгата коскена риба на светот.
Тие додадоа дека Појасната риба може да достигне должина и до осум метри, а според некои информации може и значително повеќе да порасне.
„Можеме да го најдеме во сите светски мориња, дури и во Јадранот“, истакнаа тие.
„Без разлика на големината, интересно е што средбите со овој вид риба се исклучително ретки. За тоа најдобро говори фактот што, пред неодамнешните наоди, оваа риба била забележана само три пати во Јадранот, што значи дека во изминатите неколку месеци го зголемивме бројот на познати наоди повеќе од двојно“, велат од Институтот.