Кремљ: Снимката со германските офицери е доказ дека Западот е директно вклучен во војната

Од:

Руското Министерство за надворешни работи го покани на интервју германскиот амбасадор во Москва, откако во јавноста протече снимка од доверлив разговор меѓу високи офицери на германската армија за војната во Украина, во која се разговара за хипотетичката можност за испраќање моќни ракети од типот Таурус на Украина.

Информација за покана на германскиот амбасадор во руското МНР утрово ја објавија државните руски агенции, кои додаваат дека снимката ја објавил и Кремљ, велејќи дека „докажува дека Западот е директно вклучен во војната во Украина.

Германскиот министер за одбрана го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја „дестабилизира“ Германија, откако Русија на социјалните мрежи објави доверлива размена на информации меѓу германски офицери за испорака на оружје за Украина.

„Едноставно, оваа снимка се користи за дестабилизација и поткопување на „единството“ на Германија, изјави Борис Писториус за новинарите во Берлин. „Очигледно, станува збор за поткопување на нашето единство, за внатрешно проширување на политичките поделби и искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети“, додаде тој.

Во петокот на социјалните мрежи од Русија беше објавена аудио снимка од состанок на конференција на високи германски офицери. Снимката прва ја објави Маргарита Симонјан, уредничката на „Русија денес“ и една од најпознатите пропагандисти на Путин.

Германското Министерство за одбрана завчера ја потврди автентичноста на снимката. Содржината на снимката е многу непријатна за Германија, бидејќи Берлин официјално одбива да испорача ракети Таурус на Киев, наведувајќи го ризикот од ескалација на војната.

Во исто време, за време на разговорот, офицерите откриваат детали за тоа како Велика Британија и Франција и помагаат на украинската војска да ги користи ракетите „Скалп“, кои двете земји му ги снабдуваат на Киев.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски