(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД

Од:

Доналд Трамп (77) го помеша Барак Обама со Џо Бајден на завчерашниот митинг во Вирџинија, што покрена нови прашања за возраста на веројатниот републикански претседателски кандидат, кому ова не му е прв ваков гаф.

Слична загриженост се јавува и за Бајден (81). Трамп и Бајден се најстарите луѓе кои се кандидирале за претседател во историјата на САД.

„Путин има толку малку почит кон Обама што почна да се расфрла со зборот нуклеарно. Сте го слушнале. Нуклеарно. Сега почнува да зборува за нуклеарно оружје“, рече Трамп прексиноќа во Ричмонд.

Толпата, наводно, замолчела кога Трамп го спомнал Обама, кој ја напушти функцијата пред повеќе од седум години. Ова е трет пат Трамп да направи слична грешка во последните шест месеци.

Меѓу другите гафови на поранешниот американски претседател е и мешањето на неговата републиканска ривалка Ники Хејли со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Хејли (52), која останува во трката за републиканска номинација и покрај повеќекратните порази на прелиминарните избори, се обиде да се претстави како помлада, поздрава опција – нарекувајќи ги Трамп и Бајден мрзливи старци во нејзините реклами.

Грешката на Трамп дојде еден ден откако Бајден двапати ги измеша Украина и Газа кога објави дека САД ќе доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат до Палестинците во Газа кои гладуваат поради израелските бомбардирања и блокади.

„Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во Јордан и на другите кои со авион испраќаат дополнителна храна и залихи во Украина“, рече Бајден во петокот. САД „ќе се обидат да отворат други патишта кон Украина, вклучително можеби и поморски коридор“, додаде тој.

Официјален претставник на Белата куќа подоцна појасни дека Бајден мислел на Газа, а не на Украина. Гафот беше преработен во транскриптот од неговите забелешки. Прашањата за возраста на Бајден се интензивираа во последните месеци.

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски