Мицкоски со став: Кандидатурите на Јакимовски и Ванковска се со улога да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова

Од:

Јасна е улогата на тие двајца кандидати, на Ванковска и на Јакимовски, дека тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа кампања, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу собирањето потписи за Јакимовски и Ванковска за кандидати за претседател.

„Според динамиката за собирање потписи за нивна поддршка, ако се спореди со денешната динамика за Силјановска Давкова, тоа е неспоредливо. Јасна е нивната улога. Нивната улога е да се обидат да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова, тие немаат друг капацитет, ниту пак потенцијал, но мислам дека после резултатите во првиот круг претседателски избори ќе им стане и на нив јасно што може да очекуваат две недели потоа на парламентарните избори и само ќе биде потврдена победата на Силјановска Давкова“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека вистинското прашање е дали во вториот круг истите ќе останат опозиција како што велат или ќе останат доследни измеќари на нивните наредбодавачи и ќе го поддржат Стево Пендаровски ако се квалификува во вториот круг.

„Можеби вистинското прашање е да ги прашате овие кандидати што ќе прават во вториот круг, бидејќи е јасно дека тие во првиот круг ќе имаат само, би рекол, естрадна улога и ништо повеќе од тоа. Дали ќе останат доследни измеќари на нивните наредбодавачи и во вториот круг ќе го поддржат, претпоставувам Стево Пендаровски или пак друго нешто ќе кажат на своите гласачи?“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Можеби тоа е вистинската тема со којашто треба да се занимаваме. Што ќе прават обвие луѓе во вториот круг? Дали навистина ќе бидат опозиција како што тврдат или ќе продолжат да бидат опозиција на опозицијата и ќе го поддржат Стево Пендаровски доколку се квалификува во вториот круг?“

Би можело да ве интересира

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски