Два земјотреси за краток временски период денеска го погодија Приепоље. Како што е објавено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, првиот се случил во 10 часот и 18 минути, а вториот четири минути подоцна.
Едниот бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, а другиот 2,6.
– Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје – се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија.
Првиот беше на длабочина од пет километри, а вториот на длабочина од два километри.